Категории

Николас Кејџ непрепознатлив после разводот – бракот му траеше само 4 дена

На премиерата на новиот филм, познатиот актер се појави во сосема непрепознатлив изглед

Актерот Николас Кејџ деновиве го промовира својот најнов филм “Running with the Devil”,  а на премиерата се појави во сосема непрепознатлив изглед, запуштен и валкан како бескуќник.

Поради брадата, фановите едвај го препознаа, а изгледаше како на црвениот тепих да дошол во стара облека. Тексас јакната која ја носеше беше искината и валкана на јаките, како и црната маица, што беше сосема некарактеристично за познатиот актер кој секогаш изгледал беспрекорно и елегантно на јавни настани.
Верните фанови кои постојано го следат неговиот приватен живот, знаат дека тој недамна се разеде од својата 21 година помлада сопруга, Ерика Коики (34).
Бракот траеше само четири дена, а петтиот ден откако актерот во Лас Вегас го кажа судбоносното „Да“ по четврти пат, побара негово поништување.

 

Прегледи:
480
Објавено на:
20.09.2019