Ако сакате да бидете во тренд, погледнете во плакарот на вашиот татко
На почетокот на оваа година, сите полудевме по гломазните „татини“ патики, а сега ќе ги украдеме и нивните џемпери.
Имено, како што пишува Who What Wear, најпопуларниот модел на џемпери во моментов е оној со патент на врвот што досега го гледавме само на средовечните мажи.
Модните инфлуенсерки со задоволство го прифатија овој ретро тренд, а брендовите го реализираа неговиот потенцијал и совршено го прилагодија на женската силуета и женската мода.
Најдоброто е што можете да го носите на многу начини – закопчан, раскопчан, со или без маица – давајќи му поинаков изглед секој пат.
Овој модел на џемпер можете да го најдете во повеќето улични продавници или да го позајмите – од плакарот на вашите татковци.