Категории

Омразата не ви прилега, љубовта ве прави поубави

Тоа не значи дека секој нареден кој ќе влезе во вашиот живот ќе ве разочара или растажи..

Зборот кој ја преминува границата на „не ми се допаѓа“, до оној степен кога вашата душа презира нешто, секоја коска во телото чувствува грозење и секоја дел од вашето срце чувствува одвратност. Омразата имплицира непријателство, фрустрација и бес.
Но вистински да се мрази значи и вистински да се сака, во животот можете да наидете и на партнери кои ќе ви го скршат срцето, и ќе ве натераат да мислите дека љубовта боли, но и такви кои ќе направат да поверувате дека таа е прекрасна, нежна, силна, бесконечна.

Љубовта може повторно да не состави кога сме скршени, може да направи од нас повторно да сакаме и тогаш кога немаме причина за тоа. Таа може да гледа некои внатрешни делови од нас кои и самите не ги гледаме и да ги направи прекрасни.
Тие кои ќе не поттикнат да растеме и да создаваме нешто магично.
Зошто да ги мразите оние кои ве повредиле, тоа не значи дека секој нареден кој ќе влезе во вашиот живот ќе ве разочара или растажи.

Со омразата која ја стегате во вашето срце и не и дозволувате да замине исто така го затворате влезот и на новите убави нешта и новите луѓе кои сакаат да влезат во вашиот живот и да ви покажат дека не постои само предаство и тага.
Не смеете да си дозволите вашата скршеност да ве попречува со своите негативни чувства. Не смеете да дозволите еден лош човек да направи да верувате дека сите други ќе бидат такви.
Избркајте ја омразата од вашето срце и дозволете и на љубовта да го исполни со својата нежност и ведрина.
Омразата не ви прилега, љубовта ве прави поубави!

Прегледи:
394
Објавено на:
23.11.2019