Категории

Освежителен летен шејк со манго и јагоди

Шејк кој е совршен за летните денови, заради неговиот вкус и неговиот колоритен изглед.

Свеж, здрав и сигурно ќе ви ја угаси жедта во топлите летни денови. Се прави брзо, а потребни ви се само неколку состојки. Може да се почестите сами или да ги изненадите вашите пријатели.

  

Потребни состојки:

За слојот со манго 

75 грама замрзнати манго парчиња

170 милилитри цеден портокал

3 лажици вода

За слојот со јагода

75 грама замрзнати јагоди

200 милилитри цеден портокал (или повеќе по потреба)

1 лажица мед или друг засладувач, по желба

За поинтересен изглед, двата слоја се прават оделно, а потоа постепено се мешаат при сервирање во чаша. Состојките се блендираат, додавајќи постепено сок од портокал, за да се регулира густината.

Ова е количина за две служења. Наздравје!

Прегледи:
569
Објавено на:
20.06.2017