Секој од нас е роден со одредени способности карактеристични за него (некои ги нарекуваат таленти) и 25-годишната Челси Вернер не е исклучок. Таа е гимнастичарка која има Даунов Синдром – најчестиот генетски дефект познат во медицината и науката.
Бидејќи Дауновиот Синдром предизвикува намалување на силата во мускулите, Челси се запознала со гимнастиката уште на 4-годишна возраст како начин да развие силна мускулатура. Таа успеала да го развие својот талент кон оваа дисциплина и освоила четири Олимписки шампионати.
Нејзините значајни достигнувања го отвориле патот кон нејзината кариера како модел. Таа почнала да работи за „We Speak“ – глобална агенција која ги охрабрува луѓето да бидат горди на она што се.
Погледнете како изгледа оваа прекрасна девојка и врвна спортистка.