Категории

Ова е козметичкиот препарат без кој не може Кејт Мидлтон

Дамите од кралскиот двор го привлекуваат сечие внимание со нивната појава, а нивните модни комбинации се анализираат до најситен детал.

Така веќе знаеме кои дизајнери ги обожаваат и кон кој моден стил се наклонети, но тоа за кое јавноста нема доволно информации се рутините за убавина кои ги имаат прекрасните дами. Иако им се достапни најдобри козметичари, дерматолози и производи, од време на време читаме некоја информација во однос на тоа со што се негуваат. Така, неодамна е откриено дека Меган користи креми на база на вода и масло, како што е хијалуронската киселина, а најновите информации се насочени кон Кејт и препаратот без кој неможе да ја замисли својата дневна нега.

Се работи за масло од шипки, кое изобилува со витамините А и Ц кои се заслужни за свежо и здраво лице. Ова масло има позитивни ефекти и во борбата против акни и депигментација на кожата. Можеби е време и вие да го следите примерот на Кејт и ова масло да биде дел од вашата секојдневна „beauty“ рутина.