Категории

Ова е најпопуларен модел на панталони во моментов: Дали сте доволно храбри да ги носите?

Парче облека со мек крој што практично нема структура

Во светот на фармерките и панталоните во моментов е многу популарен актуелниот модел познат како „slouchy jeans“.

Нивниот назив означува мек крој што практично нема структура и кој не е цврст и тесен, туку опуштено паѓа низ телото.

Ова се фармерки со висок струк, кои се продолжени во пределот на бутот и завршуваат со рамен крој. Бидејќи не ја следат линијата на телото, туку прилично паѓаат лабаво околу него, тие се сметаат за исклучително удобно парче облека.

Можеби тоа е причината зошто гледаме многу познати дами во овој модел толку често во последно време?

Тие покажаа дека овој модел на фармерки може да се носи во сите прилики – од шетање низ градот, до поелегантни вечерни излегувања.

Најактуелни се моделите со висок струк, но исто така се интересни и похрабри оние со набори на колена или со неколку патенти.

Во продолжени погледнете неколку интересни комбинации, во кои главна ѕвезда е токму овој хит модел на панталони!

Прегледи:
681
Објавено на:
24.11.2019