Американскиот магазин Максим ја објави листата на најзгодни жени на планетата, а младата манекенка се наоѓа на првото место меѓу 100 убавици.
Моделот Оливиа Кулпо (27) се разголи за насловната страница на американскиот магазин Максим. Во проѕирна бела кошула и бели гаќички, Оливиа покажа дека ја заслужува оваа титула. Фотографот Гилс Бенсимон ја овековечи Оливиа создавајќи прекрасни фотографии од неа.
„Отсекогаш ја гледав листата на Максим „100 згодни“ со воодушевување. На таа листа се најдоа толку многу успешни и паметни жени кои ме инспирираа, па поради тоа ова навистина ми значи многу“, напишала Оливиа на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
Поранешната мис Универзум, поделила низа фотографии и видео запис од снимањето, алудирајќи на тоа дека многу познати жени всушност започнале со насловната страница на овој магазин.
View this post on Instagram