Категории

Ова се најактуелните трендови за оваа есен

Уште на самиот почеток на новата сезона ви ги донесуваме трендовите кои ќе бидат апсолутен хит. Еве што познатите модни стручњаци ве советуваат да испробате оваа есен и како да ги имплементирате новите трендови во вашиот стил.

Комбинирајте парчиња во иста нијанса од глава до пети
Облекувањето во еден тон долго време е хит. Додека минатите сезони преовладуваа неутралните нијанси, оваа есен екпериментирајте со малку по смелите бои како што се нежно розевата, небесно сината, лаванда, жолта и портокалова.

Фустан преку панталони
Овој тренд полека се врати на големата врата а модните следбеници го обожаваат. Со пантолони можете да комбинирате различни модели на фустани: свилени, вечерни фустани, и кошули во стил на фустани. Овој микс ќе даде малку лежерност на елегантниот изглед, и елеганција на лежерниот. Вистински погодок!

Струкирајте ги јакните
Додајте нов шмек на јакните и палтата оваа сезона така што ќе ставите колан на струкат. Овој тренд кој ни се враќа од ‘90тите, ќе биде особено омилен на сите дами, затоа што не постои таква која не обожава нагласен струк.

Маица над ролка
Најрелевантната техника на преминување од летната во есенско-зимската сезона е комбинирање на летните парчиња со оние кои се носат на пониски температури. Овој тренд веќе го обожаваат сите, па така и оваа есен ќе ни биде еден од фаворитите.

Прегледи:
394
Објавено на:
17.09.2019