Категории

Пијте го овој шејк на празен стомак и килограмите ќе почнат да се топат

Многу луѓе сакаат да ги изгубат вишокот килограми, но не прават неопходни промени во својата исхрана. За да бидеме здрави, секогаш е важно диетите да се составени од оброци кои го снабдуваат телото со хранливи состојки и потребно е да се посвети особено внимание на појадокот, кој е најважниот оброк во денот.

Иако многу сметаат дека прескокнувањето на оброк е најдобриот начин да се изгубат килограми, тоа е потполно погрешно. Кога прескокнуваме оброци, телото го успорува метаболизмот, што го отежнува губењето на тежината. Овој шејк е многу вкусен, а може и да се пие седум денови и подолго доколку сакате.

Состојки:

* 1 банана
* 6 бадеми
* 1/4 лажичка цимет
* 3 лажички овесна каша
* вода по вкус (или бадемово млеко)

Подготовка:

Додадете ги сите состојки во блендерот додека не добиете шејк кој ќе ви помогне да ослабнете, а исто така е одличен извор на витамини и минерали за денот да ви започне со енергија.

Добар апетит!