Пилатес е дисциплина во вежбањето чија цел е зајакнување на мускулите преку динамични и флексибилни движења. Движењата при вежбањето пилатес го таргетираат јадрото, иако вежбите функционираат и на сите делови од телото. Пилатесот е метод на вежбање кој го активира целото тело, а за возврат ќе ви помогне да ги извршувате сите ваши активности на подобар начин.
View this post on Instagram
Ако тренирате пилатес, веќе сте на добар пат кон здрав живот. Но, исхраната која се јаде пред и по пилатес и нејзиниот вид, се многу важен фактор во создавање на тонираното тело кое го посакувате. Тимот на PowerHouse Pilates ви открива кои видови на храна треба да ги јадете пред и по тренингот во некое од нивните пилатес студија кои се наоѓаат во Дебар Маало, Кисела Вода и Аеродром.
Јадење пред пилатес тренинг
Бидејќи во пилатесот големо внимание се посветува на стомачните мускули, добро е да се има релативно празен стомак пред самиот тренинг. Најдобро е да јадете еден или два часа пред тренингот, и тоа да е нешто лесно, но истовремено и нешто што ќе ви даде доволно енергија да тренирате.
Примери за лесни оброци за пред тренинг:
- Протеински шејк
- Јогурт со овошје или житарици
- Путер од кикирики врз ‘ржан леб или врз овошје
Примање течности пред и за време на пилатес тренинг
Испијте голема чаша вода 90-60 минути пред тренингот, и имајте шише со вода при рака за време на тренингот.
View this post on Instagram
Јадење по пилатес тренинг
Веднаш по тренингот, треба да се осигурате дека телото ќе има доволно хранливи материи за да може да ги зацврсти вашите мускули и да ви ја врати енергијата. Земете уште едно протеинско смуди по тренингот или некоја ситна храна која содржи јаглехидрати и протеини.
View this post on Instagram
Генералната исхрана помеѓу тренинзи, зависи од тоа дали сакате да ослабнете или едноставно тренирате бидејќи е здраво. Користете го целото слободно време да се посветите на себе вежбајќи во PowerHouse Pilates во комбинација со здравата исхрана и уживајте во резултатите!