Ластиците за вежбање се направени од квалитетни гуми, а рачките кои се наоѓаат на краевите ја прават нивната употреба лесна и едноставна. Исто така, со TRX системот на вежбање се постигнува огромен ефект врз мускулите на телото без разлика какви се вашите амбиции во вежбањето, дефинитивно треба да го додадете во вашата дневна рутина на вежбање. TRX се користи да ги зацврсти рацете и рамениците, да ја подобри вашата стабилност и сила.
View this post on Instagram
Покрај тоа што тие можат да издржат различни оптеретувања, ластиците и TRX се реквизити кои го прават тренингот квалитетен, како за почетниците така и за професионалните вежбачи. Освен тоа, тие се користат и како дел од терапијата и рехабилитацијата при опоравување од повреди. Меѓу многубројните реквизити и помагала при вежбањето во PowerHouse Pilates инструкторките практикуваат и вежбање овие помагала како дел од секојдневните тренинзи во професионално опремените сали за вежбање кои се наоѓаат на три локации во Дебар Маало, Кисела Вода и Аеродром.
Погледнете како изгледа еден тренинг со ластици за обликување на целото тело на девојките од PowerHouse Pilates.
Преку вежбањето со ластици со рачки и TRX можат да се изведат речиси сите вежби, како оние кои се изведуваат со користењето на својата тежина, па дури и го олеснуваат изведувањето на вежбите, зависно од физичката подготвеност на вежбачот.
View this post on Instagram
Ви претставуваме некои од најдобрите вежби со ластици за целото тело. Вежбите можете да ги изведувате една за друга. Направете 3-5 кругови во зависност од вашата кондиција.
Вежби за нозе
Застанете со нозете на средина на ластикот, со стапалата во ширина на рамениците. Фатете ги рачките во раце, а рацете подигнете ги така што дланките ќе бидат во висина на ушите, како да имате шипка на рамениците. Спуштајте се полека, па потоа подигнете се во почетната положба. Позицијата на рацете не се менува во текот на изведувањето на ова движење.
Вежби за зацврстување на задникот
Застанете во клекната положба, со едното стапало на средина на еластичната гума, а другото стапало ставете го на рачката. Стомакот е цврст, а грбот рамен. Од таа позиција подигајте ги бутовите од подот малку повисоко од висината на колкот, чувствувајќи го затегањето на задникот. На истиот начин враќајте се во почетната положба.
Вежба за грб
Седете на подот со нозете испружени пред телото, со благо свиткани коленици. Средината на еластичната гума нека поминува преку средината на стапалата, а со рацете држете ги рачките. Исправете ги градите нанапред, направете благ агол во долниот дел на грбот, па спуштете ги рамениците надолу. Држејќи го грбот цврст, влечете ги рачките кон телото, во висина на струкот. Во крајната позиција максимално спојте ги лопатките.
View this post on Instagram
Доколку сѐ уште не сте започнале со вежбање, приклучете се на тимот на PowerHouse Pilates и вежбајте во одлична атмосфера, под „надзор“ на професионалните инстукторки кои ќе се погрижат за вашето тело да го доведете до совршенство!