Категории

Писмо до сите кои љубовта ги повредила

Не дозволувајте личноста која ве повредила да ве запре да ја пронајдете личноста која ќе ве сака

Знаеме дека се плашите да верувате дека некој може да се заљуби во вашите лузни, но тоа навистина може да се случи. Знаеме дека е тешко да се отворите и да му се предадете на ризикот повторно некој да ве повреди, но во одреден миг ќе морате да престанете да бегате и да се криете од љубовта со цел еден ден да можете да го искусите најубавото чувство на светот.

Не можете да го промените она низ кое сте поминале, нити фактот со кој сте го поминале тоа. Учете од минатото, но не му дозволувајте да влијае на вашата иднина и да ве натера да пропуштите нешто убаво.

Вие сте создадени да бидете сакани. За вас не е предвидено да се изолирате емоционално од остатокот од светот. Напуштете ја болката така што ќе прифатите нешто подобро кое ќе ве натера повторно да верувате.

Нека денес биде тој ден кога конечно ќе се ослободите од оковите на минатото.
Време е повторно да почнете да верувате во љубовта.

Прегледи:
593
Објавено на:
27.11.2019