Категории

По утрото денот се познава: Совети за добар почеток на денот!

1.Без електронски уреди
Многумина од нас непосредно пред спиењето гледаат телевизија или користат телефон. Електронските уреди емитираат светлина која негативно влијае на квалитетот на сонот.
2.Кренати ролетни
Сончевата светлина влијае на мозокот, исто како и мракот. Не ја замрачувајте собата и не ги спуштајте ролетните. Светлината има улога во будењето, па дозволете им на сончевите зраци да влезат во вашиот дом.
3.Уживајте во тишината
Животот често има многу брзо темпо и тешко е да се пронаде слободен миг за уживање во тишина. Затоа, пробајте да одвоите неколку минути наутро и поминете ги сами со себе.
4.Вежбање
Сите истражувања за врската помеѓу менталното и телесното здравје покажале дека луѓето кои вежбаат околу два и пол часа неделно имаат поубав сон од тие кои не се физички активни.
5.Доручекот е важен
Без разлика колку сте зафатени, одвојте време за подготовка на здрав доручек бидејќи тој ќе ви даде енергија за почеток на денот.
6.Не го заборавајте планот
Без разлика на утрото, тоа е успешно ако се држите до планот кој сте го зацртале минатата ноќ. Секогаш е полесно кога наутро веќе имате подготвен план како да го започнете денот.
7.Нега на кожата
Многу дами кожата на лицето ја негуваат навечер, но би требало да воведат и добри утрински ритуали.
Можеби не секое утро, но два пати неделно е доволно. Чистење на лицето, серум, лесен пилинг, хидрирачка крема..

Прегледи:
881
Објавено на:
05.07.2019