Овогодинешниот карневал започна на 3. март, а ќе трае до 10. март. Карневалот во Бразил е традиционален фестивал кој се одржува 40 денови пред Велигден, пред почетокот на постот.
Ширум Бразил постојат регионални варијанти на овој фестивал, а најпозната е онаа во Рио де Женеиро. Главниот настан на карневалот се парадите на школите за самба кои се сочинети од граѓаните кои во текот на целата година го подготвуваат својот настап. Дванаесет најдобри школи, од кои секое го сочинуваат од три до пет илјади луѓе, имаат можност да се покажат во текот на парадата, а освен кореографија, особено се важни костимите на учесниците.
Жирито ги бира најдобрите кои учествуваат во завршната манифестација. Покрај натпреварувачите, на градските улици парадираат и неформалните групи на учесници – блокос, кои по улиците ги пратат музички групи – бандас во текот на траењето на карневалот.