Категории

Погледнете што изградил овој татко за неговата ќерка

Посебна е љубовта меѓу ќерката и таткото, а тоа што го направил овој татко за својата ќерка го докажува тоа. Роб Адамс е видео артист, тој поминал 350 часа градејќи ја совршената бајковита соба за неговата ќерка Лиа. 

Лиа е како повеќето девојчиња, сонувала да биде принцеза во нејзиниот магичен свет. Тоа нејзиниот татко и го остварил, правејќи ја една од најсреќните 6 годишни девојчиња на светот со оваа прекрасна магична соба.
Инспирирана од Дизни приказните, оваа соба е совршеното катче за Лиа да ги поминува деновите, а оваа креација ја добила по повод нејзиниот роденден. Татко и ги запазил сите детали, дури и совршено ја декорирал полнејќи ја со разновидни играчки.