Според резултатите од студија направена на Универзитетот Дурхам, пушењето цигари за време на бременоста го забавува развојот на нервниот систем кај плодот.
Во текот на студијата биле проучувани разликите меѓу 20 мајки кои не пушат и оние кои пушат цигари. Истражувачите го следеле развојот на бебињата со 4D ултразвук во 24, 28, 32 и 36 недела од бременоста и откриле дека бебињата на жените што пушат почесто се допираат по лицето и устата.
Бебињата на непушачите не се допираат толку бидејќи со текот на времето добиваат поголема контрола над движењата, односно побрзо се развиваат. Од друга страна, кај трудниците кои пушат цигари нервниот систем кај бебињата побавно се развива, а контролата на движењата е намалена.
Доктор Надја Реисланд, од Универзитетот Дурам, вели:
Потребна е поголема студија за да се потврдат овие резултати, како и да се истражат специфичните ефекти кои ја вклучуваат и поврзаноста на стресот на мајката и пушењето.
https://www.youtube.com/watch?v=mUjZlx3x8cU