Категории

Понекогаш е потребен само еден навидум обичен ден кога се ќе си дојде на свое место

Неверојатно е колку вреди еден ден. Сета таа убавина во него. Вашите можности. И за жал, ние често не знаеме како да го цениме доволно. И кога ќе го погледнете животот како целина на крајот излегува дека сè се случува во тој еден ден. Од утро до вечер. Понекогаш такви неверојатно убави работи. Искуства, луѓе. А понекогаш и такви тешки удари болни, разочарувања. Моменти кои не тераат да посакуваме да не сме ни родени. Денови низ кои би сакале само да спиеме.

Нов ден е пред вас и не знаете што ќе излезе од него. Но, со само малку вера и нечија насмевка може да се случат чуда. Затоа што понекогаш е потребна само ситница за да се стави сè на свое место. Не заборавајте една работа денес, а тоа е колку вредите. Не ја намалувајте вашата вредност поради некои кои не ве сакаат такви какви што сте. Не покажувајте со прст кон другите, ниту кон себе. И не се согласувајте со трошките од нечие внимание и љубов. Живејте го животот како што навистина изгледа. Во целост.

Прегледи:
385
Објавено на:
24.10.2021