Категории

Понекогаш повлекувањето те прави победник, а не губитник

Знај кога е вистинско време да се повлечеш, без рани на душата

Бунтовник не е оној кој се спротивставува и се борив против општеството, туку оној кој го „игнорира“, оној кој ја сфаќа сета таа игра и елегантно се извлекува од неа, без да прави бучава.

Општестввото и претставата која се одигрува во него му стануваат безначајни. Тој не му се противи. Тоа е и убавината на бунтовништвото, тоа е слободата.
Револуционерот не е слободен. Тој константно се бори против нешто – како тој може да биде слободен? Тој постојано реагира на нешто – како реакцијата може да биде слободна кога постојано е условена од почетката акција?

Слободата подразбира разбирање. Поединецот ја сфатил играта, сфатил како таа функционира и како го спречува човекот да се развива и да биде она што е.
Откако ја сфатил, се повлекол од таа претстава, без лузни на душата. Заборава и простува, не задржува никаква врска, било таа да се засновува врз љубов или омраза. За бунтовникот општеството едноставно претставува да постои.

Тој може да се изолира од него, а може и да продолжи да живее физички во него, но тој повеќе не му припаѓа, станал аутсајдер.

-Ошо

Прегледи:
599
Објавено на:
25.02.2020