Многу луѓе се жалат дека поради спориот метаболизам не можат да изгубат килограми. Она што многумина не го знаат е фактот дека метаболизмот може да се забрза, а ова се трите најголеми митови за метаболизмот.
Не можете да направите ништо за да го забрзате метаболизмот
На кој начин ќе ви работи метаболизмот зависи од генетиката и одредени здравствени состојби, како проблемот со тироидната жлезда. Ако се храните здраво и физички сте активни, метаболизмот ќе биде забрзан. Вежбањето согорува 30% од вкупниот број на изгубените калории, што значително го поттикнува метаболизмот.
Слабите личности имаат побрз метаболизам од луѓето со вишок килограми
Ова е голема заблуда бидејќи вистината е сосема поинаква. Метаболизмот ги вклучува сите процеси кои се случуваат во организмот и кои не одржуваат во живот (дишење, спиење, пулсот) заедно со телесните функции кои ни овозможуваат движење. Тоа значи дека кај луѓето со вишок килограми калориите побрзо се движат бидејќи носењето поголема маса го предизвикува тоа.
Сѐ додека се храните здраво и вежбате, вашиот метаболизам ќе биде добар
Квалитетниот сон е многу важен фактор за подобрата работа на метаболизмот, а со тоа и добрата линија. Само една непреспиена ноќ може потполно да ве исфрли од колосек и да го поремети работењето на хормоните, а да го зголеми апетитот. Ако не спиете доволно една недела, тоа може да го промени метаболизмот на некои други начини.