И да врне, и да вее, и бура да коси, тоа за мене ништо не е , поштар пошта носи!
Сите ја знаеме оваа песничка од детството, која е вистинита и која ја слави оваа интересна професија. Поштарите се сретнуваат со секакви работи по патот. Најчесто одат пеш, бидејќи се испратени на кратки рути и најчесто ја имаат истата рута секој ден.
Еден поштар од Сао Пауло, Бразил, се вика Кристиано да Силва Антунес, на социјалните медиуми се претставува како, Carteiro Amigo Dos Animais, што значи – Поштар-пријател на животни. Секогаш сакал да се оттргне од стереотипот дека кучињата ги мразат поштарите, и тоа го прави навистина успешно. Всушност, тој е пријател со сите животни, не само со кучињата.
Погледнете ги овие слатки фотографии!