Наглите промени во расположението и хормонскиот дисбаланс се редовна појава кај жените кои неодамна се породиле. Доколку ги почувствувате овие симптоми на постпородилна депресија многу е важно навреме да забележите кога е време да се обратите на стручно лице.
Просечно од постпородилна депресија пати една од десет жени, а ако не се лекува оваа болест, лесно може да прерасне во клиничка депресија. Таквата состојба најмногу ја загрозува мајката, но трпи и детето и семејството.
Доколку оваа минлива депресија стане сериозна, потребна е помош од стручно медицинско лице кое ќе процени дали може да се користат некои од антидепресивите во текот на доењето.