И на твоето срце му е потребен одмор.
Потсети се себеси дека не си семоќен. На твоето срце му е потребен одмор.
Потсети се себеси дека не можеш секојдневно да ја носиш тежината на светот на твоите рамена, дека не можеш да ги спасиш сите, дека не можеш да го излечиш секое срце.
Потсети се себеси дека понекогаш мораш да ја задржиш енергијата за себе која ја вложуваш во други нешта. Дека мораш да мислиш на себе и ја заслужуваш истата доза на љубов која си способен да им ја пружиш на другите.
Потсети се себеси дека не мораш секогаш да бидеш силен, дека не мораш да ги поправаш сите скршени нешта. Потсети се себеси дека си човек, дека можеш да бараш помош, дека не секогаш мораш ти да бидеш оној кој ќе се спаси себеси.