Категории

Поучна приказна: Не ги оставајте вашите родители!

Многу одамна, имаше една голема јаболкница, а едно мало момче сакаше да доаѓа и да игра околу дрвото секојдневно. Тој се искачуваше на крошната, јадеше јаболки, се одмораше под сенката, го сакаше дрвото и дрвото сакаше да си игра со него.

Времето одминуваше, а малото момче порасна и тоа веќе не играше околу дрвото секој ден.

Еден ден, момчето се врати кај дрвото и тој погледна тажно. „Дојди и играј си со мене“ дрвото му рече на момчето. „Повеќе не сум дете, јас не се занимавам со дрва повеќе“, одговори момчето. „Сакам играчки. Ми треба пари да ги купам.“ Извини, но јас немам пари ама можеш да ги собереш сите мои јаболка и да ги продаваш.“ му рекло дрвото.

Момчето беше толку возбудено, бидејќи ќе најде пари. Ги собрало сите јаболка на дрвото и заминало среќно. Момчето никогаш не се врати откако ги собрало јаболката, а Дрвото било многу натажено.

Еден ден, момчето сега пораснато се врати и дрвото беше возбудено: „Дојди да си играш со мене”, рече дрвото, „Јас немам време да си играм. Јас треба да работам за моето семејство. Ни треба куќа за засолниште. Можеш ли да ми помогнеш?“, а дрвото му вели „Жал ми е,  јас немам никаква куќа. Но, може да ги исечеш моите гранки за да се изгради вашиот дом.“

Па, човекот ги исече  сите гранки на дрвото и замина среќен. На дрвото му беше мило да го гледа среќен, но човекот никогаш не се врати од тогаш. Дрвото беше повторно осамено и вознемирено.

Еден топол летен ден, човекот се вратил и дрвото беше воодушевно. „Дојди да си играш со мене!” му рекло дрвото. „Јас веќе остарев. Сакам да одам на едрење да  се релаксирам. Можеш ли да ми дадеш брод?“ праша човекот. “Користи го моето стебло за да изградиш брод. Може да пловите далеку и да бидете среќни.“ Човекот го исече стеблото за да  направи брод. Тој отиде на пловидба и не се појави долго време.

Конечно, човекот се врати после многу години. „За жал, мое момче јас немам ништо за тебе. Нема повеќе јаболка за тебе“ му рекло дрвото.

„Нема проблем, јас немам заби за да јадам јаболка“ човекот одговори. „Нема повеќе гранки за да се искачиш.”дрвото му рекло на човекот, „Јас сум премногу стар за тоа. “Јас навистина не можам да ти дадам нешто…единственото нешто што остана се моите корени на умирање”  рекло дрвото со солзи.

„Мене не ми треба многу сега, само место за одмор. Уморен сум по сите овие години”, одговорил човекот. „Добро! Старо дрво со  корени е најдоброто место да се потпреме за одмор. Ајде, седни со ене и одмори. Човекот седнал, а дрвото било среќно и се насмевнало со солзи.

Ова е приказна за секого. Дрвото е како нашите родители. Кога бевме млади, ние сакавме да си играме со нашите мама и тато. Кога ќе пораснеме,  ги оставаме, одиме само до нив, кога ни треба нешто или кога сме во неволја. Без оглед на тоа, родителите секогаш ќе бидат таму и да ни дадат сè што може само да не направат среќни.

Може да мислите дека момчето е сурово кон дрвото, но тоа е како сите ние ги третираме нашите родители. Ние ги земаме здраво за готово, ние треба да  го цениме сето она што тие го прават за нас, додека не е предоцна. Нека Господ Бог ни ги прости нашите недостатоци и Тој нека нè води. Амин.

Прегледи:
924
Објавено на:
20.04.2016