Сите се вљубивме во аксесоарите за коса на прв поглед затоа што даваат посебна егзотичност и шарм на целокупниот изглед.
Тие се моментално еден од најактуелните трендови во модниот свет кој е буквално насекаде. Први го пласираа престижните дизајнерски куќи од високата мода а потоа се прошири на црвениот тепих па се до уличната мода. За празничната сезона блеснете со посебна екцентричност и изгледајте божествено така што вашата фризура ќе ја украсите со некој уникатен детал кој ќе го разбие монотониот изглед.