Категории

“Пред полноќ” – MANGO ја претстави својата празнична колекција

Новогодишната еуфорија, шпанскиот бренд MANGO ја искористи со цел да ја претстави својата најнова колекција под називот “Пред полноќ”.

Таа се состои од гламурозни парчиња кои ја истакнуваат женската силуета додека како главни протагонисти се појавуваат светките, плишот и капутите од еко крзно. Палетата варира помеѓу распонот на ладни тонови како што се зелената и тиркизната и топли како што се сенф и розовата. Колекцијата исто така се состои и од машка гардероба како јакни во окер тонови во комбинации со лептир машни и капути.

 

Прегледи:
505
Објавено на:
16.11.2017