Категории

Престани да чекаш вистинско време – Тоа е сега и тука

Понекогаш нашиот живот се состои само од чекање, чекање на вистинската личност,чекање на вистинските случувања, чекање на вистинското време.

А никогаш и ништо не треба да чекате затоа што се се случува во вистинско време. Секоја промена која мора да се случи – мора да се случи во нас,а а тоа е преобразба на сфаќањата на светот и животот. Често чекаме вистински години да започнеме вистински да живееме, чекаме миг кога ќе имаме повеќе знаење, повеќе способност и повеќе прилики, а всушност сега сме во тие вистински години.

Вистински се оние години во кои престануваш да ги обвинуваш другите за своите грешки и сфаќаш дека животот е онаков каков што самиот си го избрал, сфаќаш дека сам си донел некои одлуки кои те довеле до тоа каде што си сега. Вистинските години се оние во кои сфаќаш дека со осудување на другите личности за нивните постапки, не зборуваш за таа личност, туку многу повеќе зборуваш за себе, за своите скриени намери и конфликти за кои никој ништо не знае.

Вистински се оние години во кои сфаќаш дека зависта и љубомората се само губење на време затоа што не знаеш низ што поминуваат другите личности, а уште помалку можеш да разбереш која е цената која ја платиле за да бидат она што се. Дали таа цена е платена во пари, нерви, погазено достоинство или нешто друго. Вистински се оние години во кои престануваш да го жртвуваш тоа што си само заради тоа што таков не му се допаѓаш некому.

Сето тоа чекање не доведува до чекање на некој Годо кој никогаш нема да дојде. Единственото вистинско време е она во кое сфаќаме дека вистинскиот живот е тој сега и тука, и одеднаш мораме да почнеме да го живееме и да престанеме постојано да чекаме нешто.

Прегледи:
691
Објавено на:
28.02.2020