Категории

Претвори ја својата болка во бисер

Некои школки однадвор се мазни и сјајни, блескаат, а некои се неугледни, груби и непривлечни, но под оклопот, сите школки се нежни.

Баш како и луѓето под својот оклоп. Често се случува во школката да падне нешто непријатно како зрно песол кој ќе се вгнезди во мекото ткивоо на школката и таа никако не може да се ослободи од него. За некои школки тоа зрно песок ќе стане погубно, ќе им создаде рана од која на крајот ќе умрат.

Но има и школки кои се однесуваат поинаку. За да ја ублажат болката која им ја создала зрното песок, тие почнуваат да го обмотуваат во тенки слоеви на мек седеф. На тој начин зрното песок почнува да се претвора во бисер. Исто е и со луѓето. Некои од своето зрно песок ќе направат драма од која никогаш нема да се опорават. Другите своето зрно песок ќе го претворат во бисер.

Оние првите ќе го обвинуваат животот дека е премногу груб спрема нив. Додека другите постојано ќе создаваат бисери се додека болката не престане. Луѓето кои во себе носат бисери, ќе ги препознаете по блескавата насмевка.

Погледни се во огледало. Каква е твојата насмевка? Дали во неа блеска бисер?

Прегледи:
609
Објавено на:
29.02.2020