Покрај Џони Деп, Сиена Милер – целото внимание го привлече принцезата од Монако која блесна во сребрена тоалета од популарната британска дизајнерка..
Во Монако се одржа настан посветен на планетарното здравје на кое присуствува голем број холивудски ѕвезди помеѓу кои Џони Деп, Сиена Милер, Хелен Мирен, Мејзи Вилијамс, Кејт Бекинсејл како и принцезата Шарлин и принцот Алберт од Монако кои беа организатори на овој настан.
Принцезата Шарлин воодушеви во блескава сребрена тоалета ‘Silvie’ од дизајнерката Jenny Packham вредна 3,640 фунти.
За изгледот на принцезата се погрижи стилистката Стефани Мадниер и мејкап-артистот Пабло Ардизон.