Категории

Прв пат доживеала оргазам на 43 години, а сега го открива решението на сите жени!

Многу жени мачат мака да постигнат оргазам – се обидуваат со најразлични пози, мастурбирање, но едноставно не можат. Вакво било и искуството на четириесет и пет годишната жена, која го споделила своето искуство со жените ширум светот, но под услов да остане анонимна.

„Невиноста ја изгубив на 19. години со момче кому исто така му беше прв пат и бев разочарана од искуството. Поради желбата да истражувам спиев со уште неколку момчиња, но никогаш не доживеав оргазам. За жал, тоа продолжи и траеше и во моите дваесетти и триесетти години“, се присетува жената.

 

Тогаш одлучила да не спие повеќе со никого додека не се омажи и навистина било така – венчала се на 36. години и се надевала дека сексот во бракот ќе биде нешто потполно поразлично и подобро.

„Во текот на сексот, мојот маж беше многу стрплив и упорен да открие што ми одгвара и да ме доведе до врвот, но залудно. Така поминаа уште неколку години и одлучив да преземам нешто“, открива.
Посетила гинеколог и му раскажала се за својот проблем, а потоа по налог на докторот извадила крв. Се покажало дека има премногу ниско ниво на тестостерон и дека поради тоа нејзиното тело не е во состојба да постигне оргазам, а гинекологот и соопштил дека всушност тоа е чест проблем кај жените, но ретко се открива, бидејќи дамите ретко се обраќаат кај стручњак во врска со овој проблем.

„Докторот ми препорача хормонска терапија и гледање порно – филмови, а јас го послушав. За една година почувствував благо подобрување, но и понатаму немав искусено оргазам. Во текот на втората година, не знам како, се случи јас и мојот сопруг да имаме секс цели 45 минути, што не се случуваше речиси никогаш и конечно почувствував што значи да се постигне оргазам, во својата 43. година“, раскажува таа.

Оваа жена им препорачува на сите жени, доколку не можат да постигнат оргазам, да го проверат нивото на тестостерон, бидејќи оргазмот е чувство кое секој заслужува да го доживее.