Категории

Психолозите утврдија: Што е поважно, да ве сакаат или да ве почитуваат?

Кога запознаваме некој брзо правиме проценка за личноста, но што всушност оценуваме? Amy Cuddy, професор на Бизниш школата на Харвард и психолозите Susan Fiske и Peter Glick, 15 години ги проучувале првите впечатоци и имаат дојдено до одредени заклучоци.

Кога луѓето не запознаваат за прв пат, си поставуваат две прашања:

  • Дали може да му верувам на овој човек?
  • Дали може да го почитувам овој човек?

Како што открива истражувањето повеќето луѓе, особено во професионалните кругови, повеќе даваат важност на компетентноста на човекот. Ова има смисла, бидејќи луѓето сакаат да се поажуваат дека се паметни и талентирани за да си ја завршат работата.

Во реалноста, карактеристиките како емпатија и сигурност, се главните карактеристики преку кои луѓето ве оценуваат.

Од еволуциски аспект, поважно било да знаеш дали можеш да му веруваш на човека, раскажува Cuddy. Мислејќи на каменото време, кога за тогашните луѓе било поважно да утврдат дали новозапознатиот човек ќе ги убие и ограби, отколку дали знае да запали оган.

Не се занемарува важноста од вештините и искуството на луѓето. Според професорката, овие вредности се оценуваат, откако ќе се утврди довербата, а првичното фокусирање на интелигенцијата и силата може да доведе до непожелни резултати.

Доколку се обидувате да импресионирате некој кој не ви верува, тешко ќе може да создадете врска со нив. Пред да очекувате да ги ценат вашите професионални квалитети, мора да создадете слика на доверлива, сигурна и добра личност.

 

Прегледи:
419
Категории:
Животен стил
Објавено на:
08.06.2016