Категории

Размислувате да се смирите со поранешниот партнер? Можеби тоа не е толку лоша идеја!

Ако размислувате на опцијата да се смирите со поранешниот партнер, прочитајте во кои ситуации тоа и не е лоша идеја. Но, сепак размислете 2 пати пред да го направите тој чекор.

  • Мислите на него во сите важни мигови

Ако и понатаму мислите на него секогаш кога ќе ви се случи нешто важно во животот, очигледно многу ви недостасува и треба повторно да ја преиспитате својата одлука.

  • Се обидувате да го направите љубоморен

Ако барате начин како својот поранешен партнер да го направите љубоморен, тоа значи дека се уште имате чувства кон него. Ако навистина сте го преболеле, воопшто не би трошеле време на него и неговото мислење.

  • Сите потенцијални партнери ги споредувате со него

Ако сите потенцијални партнери ги споредувате со поранешниот и никогаш не можете да најдете некој кој ви одговара како него, очигледно е дека вашите чувства кон него се премногу силни. Можеби е време да престанете да му барате замена и да размислите што навистина сакате.

  • Ви недостасуваат ситниците

Нормално е по прекинот на врската да ви недостасуваат заедничките разговори и ритуали, но ако ви недостасуваат и неговиот израз на лице, фразите кои често ги употребувал, музиката која ја слушал и многу други такви работи, тоа значи дека се уште имате силни чувства кон него.

  • Ви недостасуваат и лошите работи

Секоја врска се соочува со разни предизвици, а ако со носталгија гледате на секојдневните препирки и кавги со бившиот, можно е и да сте подготвени да преминете преку причината која довела до прекинот на врската.