Уметницата Моника Ризовска повторно не’ изнандува со уште една нејзина изложба! На 11 Ноември во Concept37 во 20:00 часот започнува новата уметничка изложба каде ќе се прикажат најновите дела со богата префинета ликовна имагинација и кои пренесуваат позитивна енергија, емоции, соништа, замисли и копнежи.
Делата се од продажен карактер и можат да се видат и на нејзината Instagram страна. Оваа изложба ќе биде прикажана и на апликацијата InRoomPreview, преку која посетителите визуелно ќе можат да видат како ќе изгледа сликата во нивниот дом или просторот каде ќе сакаат да ја постават.
Ќе бидат изложени над 40 слики со комбинирана техника од масло на платно и акрил. Овие дела се сублимат од инспирацијата од секојдневието, притоа осврнуваат акцент на вибрантна, енергична свежина и спокој преку тиркизните, розевите и жолтите бои, а некои од сликите имаат и дополнителна функционалност со додаток на внатрешна амбиентална светлина.
View this post on Instagram
View this post on Instagram