Категории

Ретки случаи на деца заболени од коронавирусот: Симптомите се најчесто лесни

Децата заболени од коронавирус најчесто не развиваат симптоми кои најчесто се забележани кај возрасните помеѓу кои се кашлицата и треската.

Постојат документирани случаи на деца заболени од Covid-19, но според Центарот за контрола на превенцијата на инфективни болести, овие случаи се доста ретки.
А она што е значајно е дека децата најчесто не развиваат симптоми кои се најзастапени кај возрасните.

Од вкупните случаи на коронавирус објавени денес, 149,082 луѓе заболени од Covid-19, во нив спаѓаат само 2% (2,572) деца и тинејџери помлади од  18 години.
Во тие педијатриски случаи, една третина спаѓаат постари тинејџери на возраст од 15 до 17. Додека 15% се случаи на бебиња помлади од една година.

Специјалистите проучуваат дека најчестите симптоми кои се појавуваат кај возрасните, како кашлица и треска, не биле документирани кај половината од децата. Додека 13% имале симптоми на отежнато дишење.
Иако појавувањето на лесни симптоми кај децата е добра вест, не значи дека некои не можат да развијат и некои од познатите потешки симптоми, изјавуваат специјалистите.

Прегледи:
441
Објавено на:
09.04.2020