Категории

Рецепт на денот: Чорба од домати и компир

Започнете го денот со вкусна чорба која истовремено е и многу здрава, а се приготвува брзо и едноставно.

Состојки:

  • 2 црвени зрели домати
  • 1 среден компир
  • 1 стапче целер
  • 1/2 главица сецкан кромид
  • 1 морков
  • 2 лажици масло
  • 1 рака фиде
  • 1 рака сецкан магдонос
  • 1 лажичка зачин
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажичка свежо мелен бибер
  • 1,5 л вода

Подготовка:

На загреано масло пропржете го ситно сецканиот кромид и ренданиот морков. Потоа додадете ги лупените, рендани домати и ситно сецканото стапче целер. Пржете додека не испари течноста од зеленчукот. Додадете вода, додадете зачини, додадете на коцки сецкан компир и варете околу 10 минути. Потоа додадете фиде и варете уште некоја минута. На крај посипете го свежо сецканиот магдонос.

Добар апетит!