Категории

Сакаш пеперминт? -Не, благодарам, не ми се допадна уште пред да се родам

Здравјето на трудниците и нивната правилна исхрана за време на бременоста е императив за понатамошниот раст и развој на детето. Постојат многу вкусови со кои се среќаваме во текот на животот.

Некои од нив ни се пријатни и ги сакаме, додека други пак не се наши најомилени вкусови. Според истражувањата, човекот прв пат се запознава со вкусовите уште за време на престојот во матката. Силните вкусови, како белиот лук или пак пеперминтот, плодот ги чувствува бидејќи се пренесуваат преку плацентата и амнионската течност. После раѓањето, преку млекото продолжува овој процес. Затоа многу е значајна исхраната кај мајката во текот на бременоста и доењето. Таа треба да биде разновидна и здрава бидејќи го креира афинитетот на бебето кон одредени видови на храна. Односно, што ќе конзумира мајката во текот на бременоста и доењето, тоа ја обележува понатамошната исхрана на детето.

Доколку мајката се храни со неразновидна исхрана- детето ќе ги обожава тие неколку видови на храна. Во друг случај пак, ако мајката се храни здраво и разновидно- таква храна ќе јаде и детето.