Категории

Само оној кој не се плаши да остане сам -вистински се познава себеси!

Херман Хесе рекол дека самотијата е пат по кој судбината сака да го доведе човекот до самиот себеси..

Самотијата ни е потребна за да погледнеме во сопствената душа и да се соочиме со нашите рани. Да ги составиме распаднатите делови од себеси во една нова целина, повторно да бидеме комплетни. Самотијата е потребна за да откриеме кој дошол во нашиот живот за да остане а кој веќе го планира своето бегство.

Самотијата е единствен начин да бидеме онакви какви што сме, онакви какви што сме створени да бидеме. Да си ги поставиме најзастрашувачките прашања и да ги откриеме најнеочекуваните одговори кои само нашето срце може да ни ги даде.

Самотијата ни е потребна за да сонуваме и за да се соочиме со сето она кое не заплашува во реалноста. Да се соочиме со оној дел од себеси од кој упорно бегаме кога сме опркужени со други луѓе. Самотијата не е празнина нити осаменост, таа е спознавање и откривање на себеси.

Прегледи:
689
Објавено на:
15.04.2020