Категории

Само силните луѓе можат бидат сонце во нечиј живот дури и кога самите поминуваат низ невреме

Силните луѓе се ретки и скапоцени. И покрај тоа што во животот поминуваат низ невреме, никогаш не престануваат да ги греат туѓите срца.

Тоа се луѓе кои поминале сешто. Поминале низ секакви предизвици и искушенија, разочарувања и порази но никогаш не паднале на колена. Никогаш не престанале да се борат и со секој нов ден пронаоѓале нови сили за да му се спротивстават на светот.

Само силните луѓе умеат да стоплат нечие срце дури и кога во нивниот живот постојано беснеат дождови. Тие знаат дека светот и онака е премногу суров и добрината која ја имаат во себе може да донесе барем малку светлина и да го направи за нијанса подобро место за живеење.
Тие луѓе не ги кријат своите рани и лузни, не се плашат од злобата нити од лошите луѓе, тие многу добро ги познаваат, но секој ден одново избираат да бидат нивна спротивност.
Силните луѓе се ретки и посебни. Тие не зборуваат, тие покажуваат со дела. Нивната човечност е толку силна што не може да ја извалка нити најголемата нечистотија.

Прегледи:
511
Објавено на:
15.04.2020