Категории

Се додека ги допирате раните од минатото нема да зараснат – Животот оди напред, гледајте кон иднината!

На почетокот на секој нов ден запомнете добро: Времето истекува. И ако не правите некои работи денес, не ги чувствувате денес, веројатно нема да ги направите, ниту пак некогаш ќе ги почувствувате. Ние сме такви луѓе, секогаш го очекуваме најдоброто од фиктивна иднина. А таа иднина се уште никој не ја видел. Убаво е да научиш да игнорираш безначајни работи. Не се свртувајте настрана од она што го имате и потајно да посакувајте друго. Само малку благодарност и денот добива сосема нови бои. Нов тон. Нов мирис.

Без храброст, животот ја губи смислата. И така кажете: Денеска ќе си дозволам време за убави работи. Малку повеќе почит. Нежност што требаше да си ја дадам одамна. Веќе нема смисла да се хранам со стравови кога ништо од она што се плашам не се случило. На луѓето им требаме силни. Затоа треба да се дозволи да зараснат раните од минатото. Не допирајте ги повеќе. Легендата вели дека животот ќе биде подобар кога ќе бидеме подобри. Тогаш, што чекаме повеќе?

Прегледи:
468
Објавено на:
21.11.2021