Категории

Секое утро вие избирате дали ќе бидите силни или ќе се потчините пред препреките

Кажете си секое утро: Биди силен! И ќе ви биде малку полесно. Денес ќе има работи кои ќе се обидат да ве извадат од такт. Но, не треба да се откажеш. Затоа што имате причина денешниот ден да го направите поинаков. Ден во кој нема само да се жалите кој што ви кажал и како некој ве гледал. Ден кога негативните мисли повеќе нема да бидат добредојдени во вашиот живот во онаа мера како што некогаш биле. Затоа што сте решиле да живеете, да чувствувате, да сонувате, да љубите.

Кажете си секое утро: Ништо не е невозможно. Дали научивте да верувате во подобро утре? Дали вчера дознавте дека не се исполнети сите оние ваши неславни сомнежи кои ве следат од ден на ден? Минатото од кое се свртивте во другата насока веќе нема моќ во вашиот живот. И времето нема да ги залечи раните што ги имате. Затоа пробајте некои работи од нула. Средувајте ги поинаку. Вие ги поставувате приоритети. И уживајте во убавината на овој ден што никогаш повеќе нема да се повтори. Никогаш!

Прегледи:
415
Објавено на:
17.11.2021