Категории

Секој може да го пополни вашето време – Но не може секој да го пополни вашето срце

Секој може да го пополни вашето време со својата присутност, но тоа не значи дека ќе може да го пополни и вашето срце – За него се заслужни само ретките

Немојте да бидете измамени од убавите зборови, нежните насмевки и топлата блискост. Сето тоа може да се одглуми. Глума има на сите страни, кај сите луѓе. Немојте да дозволите да ве измамат и маѓепсаат со својата надворешност додека нивната внатрешност е празна и трула.

Немојте да дозволите да ве маѓепсаат ветувајќи ви верност за цела вечност, оние кои се колнат во се и сешто.. Отворете ги вашите сетила подобро и ќе сфатите дека нивните зборови се само празни звуци, нема нити искреност нити вистина – само интерес.
Немојте да дозволите да ве измамат со умилкувања и нежности, тоа се најдобрите маски на големите измамници.

Секој може да го пополни вашето време со својата присутност, но вашето срце можат само ретките. Не му дозволувајте пристап до него на секого, ќе патите многу. Немојте да му ја отворате вратата на никој од нив, ќе избегаат низ прозорецот кога намалку очекувате.

Само посебните знаат дека не е потребно да чекаат некој да ги покани во своето срце, тие самите го пронаоѓаат влезот до него и колку да е сокриен и затворен. Чувајте го местото за нив, тие нема никогаш да заминат.

Прегледи:
706
Објавено на:
08.05.2020