Категории

Секој навидум обичен ден може всушност да биде оној кој ќе го смени вашиот живот од корен

Дали денес ќе биде стократно репризно шоу од вашите претходни денови? Истите луѓе, истите работи, истите искуства? Или можеби премиера на нешто ново и убаво? И да го започнете денот со малку поинакво размислување и да помислите дека се ќе помине добро денес. Не гледајте на вчерашните грижи и работите што тргнаа наопаку. Погледнете ја убавината што ви ја нуди животот секој ден. Неповторлива е. Уникатна, и незаменлива.

Одите таму каде што никогаш не сте отишле. Направете нешто што никогаш не сте го направиле. Вашето внатрешно чувство е од суштинско значење. За промена, започнете го денот со благодарност, а дури и кога сите работи не се уредени како што треба. Веројатно тоа е лекција што ви кажува нешто за иднината. Имајте храброст денес да живеете како што заслужувате, а не како што некој друг очекува од вас. И ќе видите, работите завршуваат уште подобро отколку што сте замислувале.

Прегледи:
406
Објавено на:
20.11.2021