Категории

Селфи фотографиите се опасни по здравјето

Лекарите велат дека треба да бидете претпазливи..

Во време кога друштвените медиуми за поголемиот дел од луѓето се најбитниот дел од секојдневието и од клучно значење претставува споделувањето на селфи фотографии, здружение на лекари од Медицинскиот универзитет во Бостон докажаа дека споделувањето на селфи фотографии може да има многу лоши последици.

Тие објаснуваат дека селфи фотографиите можат да имаат контраефект, односно корисниците да ги направат несигурни и да имаат проблеми со самодовербата.
Со помош на разните апликации кои постојат и овозможуваат едитирање на фотографиите како избелување на забите, измазнување на лицето и бришење на недостатоците, тоа може да доведи до зголемена несигурност кај корисниците.

„Со помош на селфињата поправени со помош на филтери, луѓето можат да изгубат допир со реалноста и за себе да створат слика која изгледа совршено и во склад со очекувањата на другите“ – кажува др. Нилам Ваши од бостонскиот универзитет.

Докторите споделуваат дека откако се појавија овој вид на апликации, пациентите веќе не бараат козметички или оперативни зафати со чија помош тие ќе личат на своите омилени филмски ѕвезди.
Лекарите споделуваат дека ова пореметување доведува до сериозни здравствени проблеми кои влијаат врз начинот на перцепција на реалноста кај корисниците и велат дека тоа претставува сериозна дијагноза која бара соодветна психолошка терапија.