Категории

Селин Дион уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона!

Погледнете како Селин Дион носи Гучи, Маноло Бланик и други познати брендови во иста модна комбинација!

Легендарната пејачка Селин Дион е вистинска љубителка на модата, а нејзиниот стил е непресушна инспирација. Селин е позната по својот разигран и смел пристап на модата, а тоа го докажува и со овие модни комбинации.

За првата комбинација одбрала одело од брендот Sies Marjan кое го надополнила со Gucci торба, DSquared2 очила и Manolo Blahnik сандали со крзно.

За другата комбинација одбрала жолто одело од либанскиот дизајнер Rabiha Kayrouze, а комбинацијата ја надополнила со чевли и очила со потпис Prada и популарната Chloé торба.