Категории

Семејството Кардашијан-Вест цели кон Белата куќа: Кајние Вест изјави „Ќе дојде ден кога ќе станам претседател на Америка“

Американскиот рапер Кајни Вест повторно се огласи по повод својата желба да стане претседател на САД – „Ќе дојде ден кога сите ќе го видат тоа“

Во емисијата на streaming сервисот на “Apple Music”, музичарот пред излегувањето на неговиот нов албум “Jesus Is King”, зборуваше за најразлични теми – од порнографија до Доналд Трамп, пишува Франс Прес.

Тој отворено изјави дека со неговото отворено поддржување на републиканскиот претседател сакал да ги нервира своите пријатели демократи.
Раперот е уверен дека еден ден ќе биде во Белата куќа.

„Ќе дојде време кога ќе станам претседател на САД“, изјави, наведувајќи дека тогаш ќе се присетат сите оние кои не биле во состојба да го разбираат она што тој го прави.

Кајни Вест и порано зборуваше за својата намера да се кандитира за претседател на САД во 2020, и дека кога ќе успее во тоа, тој ќе биде „поинаков претседател“.