Микро формата дефинитивно доминира и тоа онаа #crossbody.
Модната лудница се пресели во британската престолнина и додека полека ги гледаме уличните стилови низ Лондон, стигнавме да направиме и селекција на најубави ташни низ улиците на Њујорк.
Ако се суди по сликите кои ги гледаме од Големото јаболко, тогаш едно е сигурно: ташните се главниот адут на сите трендсетерки, и тоа оние во микро форми.
Мали четириаголни, трапез форми со необични дрвени шноли во кои собира само кармин, мобилен телефон и клучеви, изгледаат како да кријат во себе драгоцени предмети додека трендсетерките ги шетаат со пар кремасти панталони, teddy капут, неон ролки и волнени фустани.