Поучна приказна со моќна порака
Еден скржавец го сокрил своето злато во корените на дрвото во својата градина.
Секоја недела го вадел од земја и со часови го гледал со восхитување. Но некој дознал за него и му го украл.
Кога скржавецот дошол за да го гледа, затекнал само празна дупка во земјата и почнал толку да вика и тажи па соседите веднаш пристигнале на помош.
Еден од нив го прашал: „Дали некогаш си го употребил тоа злато?“
„Не“, одговорил скржавецот. „Само го вадев и го гледав“
„Тогаш се е во ред“, му рекол соседот.
„Зошто да кукаш? Според тоа што си го имал од тоа злато, нема ништо да се промени ако и понатаму доаѓаш и гледаш во празната дупка.“
Не се парите тоа што го поседуваме, туку способноста да ги употребиме, она што не прави богати или сиромашни. Да се намачиш да се збогатиш и потоа да не знаеш како да уживаш во тоа е исто како да бидеш ќелав и да собираш чешли.