Категории

Што ја уништува среќата? – Стара кинеска проповед

Еден млад човек кој поминувал покрај игралиште, го прашал својот учител: „Кажи ми те молам, како тоа сите луѓе сакаат да бидат среќни а сепак не успеваат?“ 

На игралиштето се слушнала смеа на деца. Еден млад човек кој поминувал тука, го прашал својот учител: „Кажи ми те молам, како тоа сите луѓе сакаат да бидат среќни а сепак не успеваат?“
Учителот покажал кон разиграните деца: „Јас мислам дека овие деца на игралиштето се среќни“
„Како да не бидат..“, одговорил младиот човек, „..си играат.“
„Но што е со среќата на возрасните?“
Учителот одговорил: „Како и со среќата на децата.“ Додека зборувал, извадил од џебот неколку железни монети и ги фрлил меѓу децата. Одеднаш на нивните лица насмевката исчезнала и сите се фрлиле да ги зграбат паричките. Се тегнеле и се туркале. Наместо смеа и игра, настанала галама.

„Што ја уништи нивната среќа?“, го прашал учителот младиот човек.
„Расправијата“, одговорил младичот.
„А што ги доведе до расправија?“, продолжил учителот
„Алчноста“, рекол младичот.
„Го доби одговорот на твоето прашање“, рекол учителот оддалечувајќи се од игралиштетот.

Стара кинеска проповед

Прегледи:
622
Објавено на:
20.04.2020