Категории

Шварцвалд торта во чаша (РЕЦЕПТ)

Класичната Шварцвалд торта е проверен рецепт за совршен десерт. Овен што го привлекува сечиј поглед, секој слој од неа ги возбудува сите клетки во телото. Шварцвалд тортата може да се послужи и во чаша!

Потребни состојки (за 6-8 лица):

  • 2 паковки компот од вишни (од по 720гр) или замрзнати вишни
  • 1 пудинг од ванила
  • 190 гр. шеќер
  • 50 гр. исецкани бадеми
  • 300 гр. маскарпоне сирење
  • 500 гр. свежо сирење со низок процент на масти
  • 3 дл. павлака за шлаг
  • 50 гр. чоколада за готвење
  • 300 гр. бисквити за торта
  • 150 мл. еспресо кафе

Начин на подготовка:
Исцедете ги вишните за да добиете околу 700 мл. сок. Помешајте го прашокот за пудинг, 40 гр. шеќер и 5 лажици сок од вишни. Сварете го останатиот сок од вишни. Додадете го разматениот пудинг и варете мешајќи околу минута.
Потоа додадете ги и вишните. Пропржете ги бадемите без додавање на масло. Потоа помешајте ги маскарпонето, свежото сирење, преостанатиот шеќер и сокот. Ставете павлака во шлаг и помешајте во смесата од сирење, заедно со бадемите и чоколадата.
Искршете ги бисквитите на парчиња. Наредете ги слоевито во чашите. Додадете од мешавината од еспресо. Одозгора ставете компот и крем. Сето тоа повторете го 1-2 пати. Украсете со вишни и чувајте во фрижидер до послужување.

Пријатен апетит!

Прегледи:
936
Објавено на:
24.04.2019