Категории

Шведската принцеза Софија во раскошна сина тоалета со голи рамена го прекрши кралскиот протокол

Како вистинска принцеза од бајките, Софија блескаше на настанот по повод доделувањето на Нобеловите награди, додека некои ја осудија дека го прекрши кралскиот протокол

Во Стокхолм беше одржано доделувањето на Нобеловите награди од областа на книжевноста, а на церемонијата присуствуваа и членовите на шведското кралско семејство.
Помеѓу наградите а особено после контроверзијата околу победниците Питер Хендки и Олга Токарчук, особено внимание привлече дамата со „плава крв“.

Сопругата на принцот Карл Филип, принцезата Софија блескаше во раскошна тиркизно сина тоалета со голи рамена и на главата носеше тијара украсена со тиркизи. Иако сите беа воодушевени од нејзиниот изглед, некои ја осудија принцезата дека го прекршила кралскиот протокол со тоа што избрала фустан кој открива премногу за една кралска припадничка.